Месечен Поштенски Клуб – Ноември Мали Радости
Добредојде во мојот месечен поштенски клуб. Месец Ноември е мноооогу важен за мене зошто на крај на месецот Френкли полни 8 годинки, па писмово ке биде еден од начините со кои ке прославиме заедно 🙂 Во писмото има 8 различни хартиени производи со оригинални илустрации инспирирани од самите почетоци на Френкли и полни со симболика. Ѕвездата на писмово е римејк на првиот Френкли производ – честитка иснирирана од снежните зимски ноќи и мирот што го носат (кој се сеќава на првата честитка со куќичките и снежната ноќ нека крене рака :)). Со оглед на тоа дека Френкли се роди од љубовта кон креативното изразување и главно како хоби, со писмово сакам и да те иснпирирам да си дозволиш едно креативно опуштање во некое од ладниве, ноемвриски попладниња што ни идат, ти ветувам дека ке си поминеш супер. Уште подобро – нарачај ѝ писмо и на другарка ти и опуштете мозок заедно 🙂 Во писмото ке има: 1. Честитка 2. Арт Принт (15х20см) 3. Дизајниран лист со есенско-зимски патерн за paper crafts 4. 8 стикерчиња 5. Листа за Белешки 6. Направи сам/а – Кутивче во облик на Куќичка 7. Cozy creative prompt – Нацртај во твој стил – тема и клучни зборови за инспирација 8. Писмо од мене *во цената се вклучени и поштенските трошоци *избери Подигни од Френкли за да не платиш достава, а остави ги податоците за адресата за достава на писмото во делот Податоци за Наплата (или Забелешка за Нарачка) Пријавите се отворени до 01 ноември (недела), а писмата ке бидат испратени на 03 ноември
How AI sees this product
The more complete this product's details, the more confidently AI assistants can understand and recommend it.