Виолинистката

Виолинистката

Brand: Сакам книги
500.00 MKD In stock Buy at Merchant

Венеција – 1704 година. Во овој волшебен град на блескав раскош, очајот и бедотијата никогаш не се далеку. Во градското сиропиталиште, напуштените новородени девојчиња секојдневно се оставаат во малиот отвор во ѕидот. Осумгодишната Ана Марија е само едно од триста девојчиња што растат меѓу ѕидините на Пиета – но таа веќе знае дека е различна. Мотивирана и исклучително надарена, таа си има поставено за цел да стане најдобрата виолинистка и композиторка во Венеција и во нејзиниот извонреден свет на бои и звуци, се чини дека ништо не може да ја запре. Па кога маестрото, Антонио Вивалди, ќе ја избере за своја омилена ученичка, Ана Марија знае дека мора да стори сè што е во нејзина моќ за да му удоволи на овој генијален, но тежок човек. Но кога ѕвездата на Ана Марија ќе заблеска и ќе се закани да ја засени ѕвездата на нејзиниот ментор, сонот што толку сосредоточено го следи одеднаш е загрозен. „Виолинистката“ е приказна што ќе ве прошета од позлатените палати до калливите канали на Венеција и ќе ви раскаже за незапирливата амбиција на една жена, за нејзиното достигнување на врвот, за болката и победите и за оние кои избираме да ги запаметиме или заборавиме на патот до успехот.

Variants (1)
  • Default Title — 500.00 MKD — In stock

How AI sees this product

The more complete this product's details, the more confidently AI assistants can understand and recommend it.

77%