Друштвена игра Детектив
Играта може да ја играат од 2 до 4 играчи. Играта може да се игра во две варијанти. 1. Играта почнува така што се влече карта и се става на средина. На картата има три предмети кои играчот треба да ги најде на големата мапа со фигури, форми и броеви. Се врти песочниот часовник и играчот почнува да ги бара формите на мапата. Целта е да ги најде трите форми додека истече времето во песочниот часовник, а за секоја форма што ќе ја пронајде добива по едно жетонче. Победник е играчот што на крајот од играта ќе има собрано најмногу жетони. 2. Втората варијанта на играње е кога ќе се извлече картата да се стави на средина и сите играчи истовремено да ги бараат формите на мапата. Секој играч што ќе најде форма зема по еден жетон. Победник е играчот што после сите поминати карти ќе има собрано најмногу жетони.
AI Readiness
Good foundation, but some important product data is still missing.