SCHWARZKOPF BC SUN PROTECT SUMMER FLUID 100ML
Намена: Бестежинска крема со 10 придобивки за косата, за нега, заштита и обнова на косата од штетните УВ зраци. Дејство: Ова лето подгответе се да уживате во сонцето со BC Sun Protect 10-in-1 Summer Fluid. Оваа повеќенаменска крема за коса, ќе ја негува и заштити косата преку целото лето. Штетните УВ зраци, посебно при долго изложување на сонце, може да придонесат до дехидрирање на косата, нејзина кршливост и кинење и отежнато расчешлување. Специјалната формула од ледено кокосово масло и шеа путер, обезбедува 10 придобивки за косата: Заштитува од штетните УВ зраци Ја обновува косата која е оштетена од сонце. Ја намалува кршливоста на косата. Ја скротува непослушната коса. Заштитува од топлина при фенирање, виткање, исправување и стилизирање. Ја заштитува бојата на косата. Безболно и лесно ја расчешлува. Обезбедува висока хидратација. Го намалува распукнувањето на врвовите. Обезбедува висок сјај. Воедно, оваа крема е идеална за транспорт, без да заземе голем простор во несесерот. Со оваа крема, каде и да патувате, лесно можете да ѝ ја подарите потребната нега и здравје на косата. Начин на употреба: Нанесете мала количина од производот на сува или влажна коса. Не се измива.
AI Readiness
Good foundation, but some important product data is still missing.