Smart View HD Vision 1+1 + Easy Sun Hat + Chill Mate
Сончево време е идеално за релаксација на отворено, но колку и да е убаво многу често пречи на видот. Силната сончева светлина и отсјајот што се рефлектира од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата не е само моментална непријатност, туку има и сериозно влијание врз здравјето на вашите очи. Прекумерната изложеност на сонце, без соодветна заштита, доведува до оштетување на очите, но и до забрзано стареење на нежната кожа околу очите и кожата воопшто. Smart View HD Vision очила за сонце се создадени за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи! Smart View HD Vision очила за сонце користат напредна технологија на поларизирани леќи, наменета за професионалци од различни области – пилоти, планинари, возачи на трки, фотографи. Со нив гледате чисто и јасно, не ги напрегате очите и боите веќе не се заматени, туку ги гледате кристално јасно во нивна оригинална нијанса и контраст. Висококвалитетните поларизирани леќи на Smart View HD Vision очилата ви даваат целосна UV 400 заштита од сите штетни UVA и UVB зраци и со нив вашите очи и нежната кожа околу нив се максимално заштитени и безбедни дури и за време на најинтензивното сончево зрачење. Smart View HD Vision очилата се разликуваат од сите други очила за сонце! Висококвалитетните леќи Smart View HD Vision очилата се и адаптивни леќи и автоматски се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас во сите услови и во секој момент – без потреба од вадење или менување очила. И најдоброто! Smart View HD Vision очилата за сонце имаат уникатен дизајн и можете да ги носите дури и врз вашите очила со диоптрија без да ви пречат или да ја оштетат рамката на очилата со диоптрија. Современи, елегантни и дискретни, погодни и за мажи и за жени, Smart View едноставно одговараат на секој стил и секоја пригода! Со сетот од два пара Smart View HD Vision очила за сонце добивате и Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток. Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење. Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни активности на отворено. Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека класичниот изглед одговара на сите генерации. Во овој комплет добивате и Chill Mate Instant Cooling Towel феноменална крпа за разладување! Chill Mate крпата за разладување е дизајнирана на сосема природен начин да ја намали температурата на кожата и телото за неколку степени и едноставно ви е неопходна во летниот период на големи горештини. Потребно е само да ја намокрите крпата со вода и таа веднаш станува многу постудена од надворешната температура, додека на допир се чувствува сува. Идеална е како за возрасни така и за деца, апсолутно безбедна и погодна за лица со чувствителна кожа.
How AI sees this product
The more complete this product's details, the more confidently AI assistants can understand and recommend it.