Smart View HD Vision 1+1 + Easy Sun Hat + Sun Protect Cooling Sleeves

Smart View HD Vision 1+1 + Easy Sun Hat + Sun Protect Cooling Sleeves

1380.00 MKD In stock Buy at Merchant

Сончево време е идеално за релаксација на отворено, но колку и да е убаво многу често пречи на видот. Силната сончева светлина и отсјајот што се рефлектира од асфалтот, стаклените и сјајните површини или водата не е само моментална непријатност, туку има и сериозно влијание врз здравјето на вашите очи. Прекумерната изложеност на сонце, без соодветна заштита, доведува до оштетување на очите, но и до забрзано стареење на нежната кожа околу очите и кожата воопшто. Smart View HD Vision очила за сонце се создадени за максимална заштита и совршен комфор на вашите очи! Smart View HD Vision очила за сонце користат напредна технологија на поларизирани леќи, наменета за професионалци од различни области – пилоти, планинари, возачи на трки, фотографи. Со нив гледате чисто и јасно, не ги напрегате очите и боите веќе не се заматени, туку ги гледате кристално јасно во нивна оригинална нијанса и контраст. Висококвалитетните поларизирани леќи на Smart View HD Vision очилата ви даваат целосна UV 400 заштита од сите штетни UVA и UVB зраци и со нив вашите очи и нежната кожа околу нив се максимално заштитени и безбедни дури и за време на најинтензивното сончево зрачење. Smart View HD Vision очилата се разликуваат од сите други очила за сонце! Висококвалитетните леќи Smart View HD Vision очилата се и адаптивни леќи и автоматски се прилагодуваат на интензитетот на светлината околу вас во сите услови и во секој момент – без потреба од вадење или менување очила. И најдоброто! Smart View HD Vision очилата за сонце имаат уникатен дизајн и можете да ги носите дури и врз вашите очила со диоптрија без да ви пречат или да ја оштетат рамката на очилата со диоптрија. Современи, елегантни и дискретни, погодни и за мажи и за жени, Smart View едноставно одговараат на секој стил и секоја пригода! Со сетот од два пара Smart View HD Vision очила за сонце добивате и Easy Sun Hat вашиот омилен летен додаток. Оваа лесна и удобна капа е исклучително пријатна за носење во жешките летни денови. Easy Sun Hat ви дава пријатна сенка на лицето и ефикасно ве штити од летното сонце. Изработена е од лесен и дишлив материјал и не создава дополнителна жештина дури и при долготрајно носење. Во топлите летни денови Easy Sun Hat е совршен и незаменлив додаток за секојдневни активности на отворено. Практичниот дизајн на Easy Sun Hat овозможува лесно комбинирање со различни стилови на облека, додека класичниот изглед одговара на сите генерации. Во овој комплет добивате и еден пар еден пар феноменални Sun Protect Cooling Sleeves – ракави кои штитат од сонцето со UPF50+ заштита и истовремено разладуваат со што постојано чувствувате пријатна свежина додека ги носите. Sun Protect Cooling Sleeves блокираат над 99% од штетните UV зраци и ја штитат вашата кожа од изгореници, стареење и оштетување. Материјалот е пријатен, тенок и дише, па вашата кожа останува ладна и свежа. Нема потење. Нема лепење. Само пријатно чувство на свежина. Sun Protect Cooling Sleeves лесно се перат рачно или во машина на ниска температура и брзо се сушат. Материјалот ја задржува својата еластичност и удобност дури и по повеќекратни перења. Sun Protect Cooling Sleeves се незаменлив додаток во лето при сите активности на отворено, а модерниот дизајн и универзална големина ги прави совршени и за мажи и за жени од сите возрасти.

How AI sees this product

The more complete this product's details, the more confidently AI assistants can understand and recommend it.

72%